„Очајната домаќинка“ оди во затвор: „Нема оправдување за тоа што го направив“

Заради давање мито

Американската актерка Фелисити Хафман, која се прослави со улогата на Линет Скаво во хит-серијата „Очајни домаќинки“, осудена е на две недели затвор заради давање мито од 15.000 долари за да се запише на факултет нејзината постара ќерка. Покрај тоа, таа ќе мора да одработи 250 часа општествено-корисна работа и да плати казна од 30.000 долари.

Немам оправдување за направеното. Сакам да им се извинам на ќерка ми, сопругот, семејството и на образовната заедница за моето однесување. А посебно сакам да им се извинам на студентите што вредно работеа за да се запишат на колеџ, како и на нивните родители што се жртвуваа за да ги поддржат во тоа“, изјавила Хафман, која би требало да се пријави во затворот во рок од шест недели.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.