Кога Кристијано Роналдо им го слави роденденот на своите деца, тоа изгледа вака (ФОТО)
Веселба во домот на славниот фудбалер
Во јуни Кристијано Роналдо им го прослави роденденот на близнаците што ги доби со сурогат-мајка – Ева Марија и Матео, а роденденската забава ја организира неговата долгогодишна девојка Георгина Родригез, која му е голема поддршка и која се грижи за децата кога фудбалерот е на пат.
Деновиве, популарната двојка повторно имаше причина за славење…
Алана Мартина, ќеркичката на Кристијано и Георгина, наполни две години, а славниот фудбалер на својот инстаграм-профил ги објави роденденските фотографии.
Семејните портрети на кои се сите негови деца дефинитивно ги разнежнија сите следбеници и обожаватели, а судејќи по коментарите, Георгина и малечката Алана го украдоа сето внимание.
Фото: Инстаграм, Getty Images