Кофеинот им го нарушува сонот само на луѓето што рано се будат?

Утрински тип VS ноќна птица

Познат е фактот дека кофеинот ќе ве одржи будни во текот на денот, но ова не важи за „ноќните птици“.

Според најновите истражувања, „утринските типови“ што консумирале кофеин во текот на денот многу почесто се будат за разлика од „ноќните птици“.

Ова е прво истражување што го поврзало консумирањето кофеин со „кронотипот“, категоризацијата на луѓето според делот од денот во кој се најактивни.

Во истражувањето учествувале 50 студенти од кои се барало да бележат кога консумираат кофеин и кога точно одат на спиење, односно, кога се будат. Притоа, носеле и алки со кои се следело нивното движење за да се утврди дали се буделе во текот на ноќниот сон. Исто така, им била мерена и концентрацијата на кофеинот во слузта во текот на неделата во која се спроведувало истражувањето.

Повеќето студенти многу малку спијат, па најчесто веднаш потонувале во сон штом ќе легнеле во кревет, „без разлика на количеството кофеин што го испиле“, изјави Џими Зеитзер од универзитетот „Станфорд“.

Сепак истражувањето покажа дека кофеинот многу послабо дејствува на ноќните типови, а причината веројатно е тоа што нивниот организам многу побрзо се чисти од кофеинот што го консумирале во текот на денот.

Зеитзер додава дека на некои луѓе едноставно им е потешко да го избегнат дејството на кофеинот дури и кога избегнуваат да консумираат кафе во попладневните и во вечерните часови.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.