Четири причини поради кои би требало да го сакате омразениот шеф

Нема да верувате, но тоа може да биде добра можност за учење, ако на ситуацијата ѝ пристапите со поинаков став

Да се работи за некој што не го поднесувате, кој за вас е вистински кошмар, може да биде ужасно. Но сепак може да биде и одлична можност за учење, ако на ситуацијата ѝ пристапите со поинаков став.

Ова се четири причини поради кои би требало да го сакате омразениот шеф:

1 Увид во себе. Вие всушност можете да научите многу за себе во ваква ситуација. Размислете за следниве прашања:

– Зошто таа личност толку многу ве разлутува?

– Дали сте барем делумно виновни за таквата ситуација? (Немојте да го прескокнувате прашањево, бидејќи може да ви даде неверојатен увид!)

– Што всушност сакате од вашиот шеф? Да не очекувате премногу, можеби?

– Каков шеф би биле ВИЕ?

2 Вежбање. Знаете… Деловниот свет е полн со груби луѓе, лица што се на работ на нерви и кретени. Ова сметајте го како вежба во контактите со други такви луѓе. Вие ги вежбате трпението, толеранцијата и вашата способност некои нешта да не ги земате при срце. Со вежбање сè станува полесно.

3 Идна мудрост. Откако сте имале работа со некој со кој не се согласувавте, во иднина подобро ќе знаете да процените дали со некоја личност ќе можете да соработувате, и уште поважно – како ќе реагирате во одредена ситуација. Ова последново важи и за вашиот сегашен, но и за идните шефови. А ако еден ден вие им станете надредени на другите – ќе имате повеќе разбирања за луѓето „под“ вас.

4 Можност. Ова можеби ќе ви звучи по малку смешно, но тој кретен од шеф ви дава одлична можност. Вие имате можност да се приспособите, да воведете нови стратегии и да изградите некој вид мост меѓу вас двајца. Веројатно никогаш нема да имате совршен однос, но секогаш постои шанса работите да се подобрат.

Затоа, не откажувајте се! Ако не сте во можност да го смените работното место – искористете го она што го имате на најдобар начин и без преголема нервоза! Едноставно, не дозволувајте таа личност да ви ги скине живците. Надминете го тоа и станете подобар човек, со поголемо трпение и толеранција.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.