Иако Енрике Иглесијас и Ана Курникова настојуваат децата да ги држат далеку од очите на јавноста, пејачот одвреме-навреме не може да одолее а да не ги израдува своите обожаватели споделувајќи ги веселите мигови од дружбата со 1,5 годишните близнаци Луси и Николас.
На најновото видео кое го објави на својот инстаграм-профил русокосото момче и девојче возбудено ги допираат градите на својот славен татко по што тој имитира „струен удар“, што кај малечките предизвикува слатко смеење.
Фото: Getty Images
Видео: Инстаграм