10 постапки со кои ги повредувате родителите: Тешко е да се простат некои работи!

Свесно или несвесно!

Постарите родители се почувствителни од децата, па затоа морате внимателно да комуницирате со нив

Ова се 10-те начини на кои ги повредувате вашите родители, без притоа да бидете свесни за тоа…

1. Ги занемарувате

Сте основале семејство, имате деца, работа, обврски. Животот тече и понекогаш поминуваат и по две недели без да се сетите да им се јавите на родителите. Понекогаш поминува и цела година, без да ги посетите. Внимавајте. Ако денес не отидете кај нив, утре можеби ќе биде доцна.

2. Им кажувате работи што ги навредуваат

Неколку реченици со кои ги навредувате вашите родители: „Те мразам“, „Здодевен/а си“, „Престани да се жалиш“, „Престани да ми се јавуваш“ и слично. Запрашајте се дали би сакале вашето дете да ви се обраќа со овие зборови?

3. Не се интересирате за нивното здравје

Постојат такви родители што постојано се жалат дека ги боли нешто. Од друга страна, постојат и такви што трпат болки и никогаш не се жалат. Прашајте ги за здравјето, бидејќи можеби можете да им олесните, ако не со совет или нега, барем со тоа што ќе ги сослушате.

4. Не им помагате финансиски

Повеќето пензионери во Македонија живеат на работ на сиромаштијата. Доколку немате доволно пари за да им помогнете финансиски, тогаш можете да им однесете храна, да им купите дрва… Тие се ваша обврска, исто како што и вие до вчера сте биле нивна.

5. Не одите на семејни собири, слави, родендени…

Вие сте им најблиски од сите роднини и веројатно чекаат да дојдете. Па затоа, откажете го деловниот состанок, земете слободен ден и посетете ги родителите.

6. Не ги почитувате и никогаш не сте им се заблагодариле

Не е убаво да се преценувате себеси, а да ги потценувате другите. Најмногу и’ должите на вашата мајка што ви го подарила животот.

7. Криете информации за вашиот приватен живот

Ако пречесто ја изговарате реченицата: „Мамо, тоа не е твоја работа!“, тогаш сигурно грешите некаде. Не мора да навлегувате во детали, но мора да ги известите вашите родители за основните детали од вашиот живот.

8. Немате трпение со нив

Тие заслужуваат најголемо трпение од вас. Запомнете: тие ве учеле да одите, да јадете, зборувате, да возите велосипед, да пливате… Биле многу трпеливи…

9. Не чувате нивни спомени

Фотографирајте ги колку што можете. Кога се смеат, кога се тажни, кога размислуваат… Утре ќе ви останат само тие фотографии.

10. Ги третирате како мали деца

Тие не се деца и имаат поголемо животно искуство од вас. Почитувајте ги и почитувајте ги нивните одлуки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.