Актерката отворено за своите последни денови: „Ми кажаа да се подготвам за смртта“

Помина речиси една година откако на актерката Селма Блер и’ е дијагностицирана мултиплекс склероза и веќе и’ недостигаат опции да ги намали болката и физичките тешкотии поради состојбата во која се наоѓа.

Средствата за ублажување на симптомите не ми помогнаа и се чувствувам се’ полошо и полошо“, откри таа неодамна на еден панел посветен на здравјето.

Меѓу другото, на Селма и’ е препорачано пресадување матични клетки, но и агресивна хемотерапија за обновување на сопствените клетки.

Кажав дека не сакам да го правам тоа бидејќи не сакам да си го уништам телото. Зошто би ја уфрлувала во својот организам таа ужасна дрога, хемотерапијата? Па немам рак“, вели Селма, која сепак подоцна се согласила на оваа процедура.

Додава дека веднаш се почувствувала подобро.

Сепак лекарите ми кажаа да правам планови за својата смрт. Тоа му го пренесов на мојот син, кој кажа дека би сакал да ме кремираат“, открива актерката, а пренесува магазинот „Пипл“, и објасни што и’ е најважно сега:

Важно ми е сега што е можно подолго време да бидам покрај мојот син“, заклучи актерката.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.