„Семејството на вашиот сопруг е болно“: Снаата ја фатила свекрва ѝ како ѝ претура по работите, а потоа настанал ХАОС!

Што мислите вие?

Дали сте имале слично искуство со вашата свекрва?

Корисничката на Редит, Сандра, добро се согласувала со својата свекрва, но неодамна забележала дека таа ѝ претура по фиоките и плакарите во спалната соба, под изговор дека бара нешто што ѝ треба, како на пример полнач за мобилен телефон.

„Кога ја фатив, ѝ кажав дека тоа не е во ред, бидејќи тука се наоѓаат моите лични предмети. Таа ми кажа дека се збунила и дека не знаела во која фиока се наоѓа предметот што го барала“, напишала Сандра.

Нејзиниот сопруг ѝ предложил самите тие да ѝ го донесат на свекрвата тоа што ѝ треба, но таа ја одбивала нивната помош.

„Така одлучив да ги означам моите фиоки, па на секоја од нив ставив ознака што има во неа. Следен пат кога тргна да бара нешто, се налути кога сфати што сум направила. Изгледаше навредено и ми кажа дека не е глупава за да постапувам така со неа“, појаснила таа.

Свекрвата налутено си заминала, а нивен роднина им се јавил на Сандра и на нејзиниот сопруг и барал да ѝ се извинат. Тие го одбиле тоа, па сега ги интересира дали погрешиле.

„Се налутила, бидејќи повеќе не можела да ви претура по работите“, „Тоа е личност која нема граници и редовно претура по вашите лични работи“, „Не си направила ништо лошо. Тоа се ваши предмети, а семејството на вашиот сопруг е болно“, „Вашиот сопруг требало да постави јасни граници. Ако не гледа проблем во тоа што мајка му чепка по вашата приватност, не значи дека проблемот ќе исчезне“, „Јас би ги наполнила фиоките со експлицитни предмети за да може да ги најде свекрвата, па нека ѝ биде непријатно“, пишувале корисниците на Редит.

Што мислите вие за оваа ситуација?

„Свекрва ми е ѓавол – сакаше да ми ја уништи венчавката“: Братот на младоженецот спречил катастрофа на церемонијата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.