Првото јавно појавување на Меланија Трамп по напуштањето на Белата куќа: Никогаш не изгледала подобро! (ВИДЕО)

Ексклузивно интервју

Меланија Трамп ја немаше во медиумите по напуштањето на Белата куќа, а потоа, како гром од ведро него, осамна најавата на емисијата на телевизијата Fox News, во која поранешната прва дама на САД премиерно гостува, а во разговорот го „чепнала“ и актуелниот американски претседател Џо Бајден

Имено, Меланија Трамп во своето гостување зборувала за недостигот од дохрана за бебиња ширум земјата, што го опишала како „срцепарателно“, а рекла и дека за кризата е одговорно „раководството“. Интервјуто на поранешната прва дама на САД ќе биде емитувано во целост денес, во недела. Во најавата што била објавена во петок вечерта, водителот Пит Хегсет го побарал нејзиното мислење за споменатиот проблем, а Меланија имала спремен одговор.

„Срцепарателно е да се види дека на децата во Соединетите американски држави не им е достапна дохрана во 21 век“, рекла таа.

Била прашана која е причината за дефицитот, а Словенката одговорила концизно:

„Раководството.“

Кога Хегсет ја прашал дали мисли на недостиг од раководство, таа рекла: „Да“.

52-годишната Меланија беше повлечена откако ја напушти Белата куќа во јануари во 2021 година. Го поминуваше времето промовирајќи ја својата колекција на крипто уметнички дела. Имено, во декември Меланија Трамп објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT) под името „Визијата на Меланија“ (Melania’s vision).

Тоа е првата дигитална уметност што Меланија ја продава на нејзината нова платформа за незаменливи токени на веб-сајтот melaniatrump.com.

Станува збор за акварел од уметникот Марк Антоан Кулон, кој ги насликал нејзините очи, а вклучува и аудиоснимка од Меланија Трамп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Дигиталното уметничко дело ќе чини околу 150.000 долари и ќе може да се купи до крајот на годината. Дел од приходот, како што е најавено, ќе биде дониран за помош на децата од хранителски семејства.

Освен ова промовирање на својот нов бизнис, таа се нема огласувано во врска со општествено-политичките услови во земјата, а нејзиното враќање на насловните страници и на малите екрани се случи откако ескалира кризата околу дохраната на бебињата.

Шефот на една од четирите компании што контролираат 90% од американскиот пазар за дохрана на бебиња предупредил дека дефицитот ширум земјата би можел да потрае до крајот на годината, а прогнозите на Меланија ќе ги слушнеме во ексклузивното интервју.

Погледнете како изгледа: Меланија Трамп ја продава својата носена шапка за 250.000 долари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.