„Родителот мора да биде буден“: Андрија Милошевиќ направи урнебесна преработка на песната на Констракта! (ВИДЕО)

Каков хит!

Андрија Милошевиќ го запали Интернетот со новото видео

Ана Ѓуриќ Констракта настапи на изборот на песна за Евровизија во Торино со песната In corpore sano. Иако не ја однесе победата, сепак, стана многу популарна во Европа.

Српскиот актер Андрија Милошевиќ, кој е познат по духовитите шеги, одлучил малку да ја преработи песната на Констракта.

Андрија, кој неодамна го доби синот Релја, со актерката Александра Томиќ, согласно со својата нова улога, го преработил текстот на песната In Corpore Sano во „Родителот мора да биде буден“, а социјалните мрежи буквално гореа по објавата на видеото.

Неговата изведба ги воодушеви следбениците, а своето воодушевување го искажаа и Нина Сеничар, Андреј Маричиќ, Јелисавета Орашанин, Марина Тадиќ…

Актерот Андрија Милошевиќ стана татко: Неговиот наследник доби интересно име! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.