Ги завела најубавите мажи во Холивуд, а сега го одбрала него: Сите љубови на прекрасната русокоса! (ФОТО)

Кејт Босворт

Прекрасната актерка Кејт Босворт повторно е вљубена по болниот развод

И, секако, повторно станува збор за познат маж – овој пат нејзиниот избраник е Џастин Лонг.

Поточно, уште од минатата година кога снимале филм заедно, се шушкало дека меѓу нив постојат симпатии, но од април, оваа двојка повеќе не се крие.

Џастин Лонг е познат американски актер и сценарист, кој на свои 43 години има сериозна кариера зад себе. Исто така, тој е познат по долгите врски со убавиците од Холивуд. Аманда Сејфрид, Кристен Данст и Дру Баримор се само некои од жените што биле во врска со него.

Кога минатата година започнале озборувањата дека е во врска со Кејт, актерката сѐ уште била во брак со 13 години постариот филмски продуцент Мајкл Полиш. По прославата за осумгодишнината од бракот, Кејт објавила писмо во кое на сите им открила дека се разведува.

Кејт и Мајкл се запознале во 2011 година на снимањето на филмот Big Sur, а две години подоцна се венчале.

Прекрасната актерка, позната по совршениот стил, пред Џастин и Мајкл генерално била во љубовни врски со славни колеги.

Александар Скарсгард

Се запознале на снимањето на филмот Straw Dogs, а една година успеале да ја скријат врската.

Џемс Русо

Кејт се запознала со славниот британски манекен на забава на Марк Џејкобс. Славниот модел имал обид и за музичка кариера, а за Кејт ја напишал песната To Make You Mine.

Иан Сомерхолдер

Кејт првпат се сретнала со славниот актер на снимањето на филмот Young Americans пролетта во 2000 година. Почнале врска по две години, но врската траела само неколку месеци.

Орландо Блум

Се сретнале во кафуле, биле во врска четири години и беа една од омилените холивудски двојки.

Мет Зукри

Се сретнале на снимањето на филмот Young Americans и биле во врска две години.

Беа најпопуларната двојка во Италија: Каде е денес и што прави жената која остана без љубов поради култ?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.