Актерот Андрија Милошевиќ стана татко: Неговиот наследник доби интересно име! (ФОТО)

По тој повод, актерот организираше забава во еден познат ресторан во Белеград

Фото: Инстаграм

Познатиот српски актер и миленик на македонската публика, Андрија Милошевиќ пред неколку дена стана татко, а по тој повод вчеравечер приреди интимна прослава во еден познат ресторан во Белград.

Мајката Александра вчера ја напушти болницата со својот син, а нивниот наследник доби интересно име. Тој ќе се вика Реља.

Актерот прослави со најблиските, а дел од атмосферата од прославата Сандра сподели на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, таа објави видео на кое се гледа како Андрија им се обраќа на гостите.

– Додека се раѓаат деца, за мене лично, иднината е убава – гласи дел од емотивниот говор на Андрија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.