Викторија Лоба ја коментираше војната помеѓу Русија и Украина во емисија и се расплака! (ВИДЕО)

Таа има руско потекло!

Фото: Принтскрин

Познатата пејачка со руско потекло, Викторија Лоба пред некој ден гостуваше во утринската емисија на телевизија Телма, каде зборуваше за нејзините нови проекти, но и за позицијата на музичарите за време на пандемијата на коронавирусот.

„Некако се потроши инспирацијата за убавото, за славењето, за музиката. Така што, веќе почнуваме да се будиме кога станува збор за музиката, да ѝ прикажеме нешто убаво на публиката. Но, ете повторно се случуваат неубави работи. Многу е деликатно, некогаш времињата не се за убави песни, некогаш времињата не се за да тргнеш и да пееш за нешто што навистина не е важно во моментот. Како артисти, треба да ја пресликуваме ситуацијата којашто народот ја живее моментално“ – изјавила познатата пејачка.

Инаку како што рековме, Викторија има руско потекло, односно до својата осумгодишна возраст таа живеела во Русија.  Со оглед на тоа дека деновиве актуелна тема е војната помеѓу Русија и Украина, Лоба не остана имуна и испрати силна порака со солзи во очите.

„Јас сум со огромна желба за мир, љубов и разбирање помеѓу сите народи. Сакам да кажам дека народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи и националности. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога ќе се случи тоа, нема да може ниту еден политичар да нè скара“, порача пејачката со солзи на очите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.