Неколку докажано ефикасни вежби против отоци на нозете

Пробајте ги!

Дали често стоите или седите многу во текот на денот?

Не е ни чудо што нозете ви се отечени навечер, дури и ако немате сериозни здравствени проблеми. Искористете ја секоја можност да ја стимулирате циркулацијата во нозете: кога седите или лежите, кренете ги стапалата над нивото на бутовите, практикувајте ладни бањи за стапалата или полевајте ги стапалата со ладна вода.

И задолжително правете го следниот сет на вежби.

„Балерина“. Доколку сте принудени да стоите долго, одвреме-навреме кревајте се на прсти за да ја подобрите циркулацијата на крвта.

„Чорап“. Цврсто, но не многу, опфатете го стапалото со рацете и, движејќи се по кожата, обувајте замислен чорап: на стапалото, листот, коленото, бутот, сè до ципите, без да ги одвојувате рацете од кожата. Повторете го тоа неколкупати.

„Вакуум“. Оваа вежба е корисна за тренирање на стомачните мускули, ја подобрува работата на внатрешните органи и спречува отоци. Легнете на грб, рацете ставете ги до телото, а нозете свиткајте ги во колената.

Вдишете и повлечете го стомакот колку што е можно повеќе. Останете во таа положба што е можно подолго. Повторете неколкупати. Обидете се да ја правите оваа вежба и додека седите. Со што и да е поврзано задржувањето на течностите, вежбите и другите процедури ја олеснуваат состојбата.

Многу повеќе совети за унапредување на здравјето можете да прочитате во специјализираното списание „Руски доктор“.

Текст: Марина Бикова, фитнес-инструкторка

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.