Превенција за вашите капаци: Да, да, добро прочитавте!

Трепкајте (да, току е едноставно!)

Им обрнуваме многу внимание на трепките, а кога станува збор за подочниците, понекогаш сме дури и опсесивни. Но ретко мислиме на капаците.

А токму тие можат да бидат местото на кое ќе се намножат патогените бактерии, кои, инаку, се вгнездуваат во фоликулите на влакната и во солзните жлезди. Нивното размножување може да е причината што капаците, со стареењето ни изгледаат отежнато, а кожата огрубува на нив.

Додајте ја и маскарата во равенката, како и медицинските маски (кои ако не се потпираат добро на носот, здивот се качува нагоре и очите се изложени на бактериите од издишувањето).

Еве што можеме да преземеме:

Секогаш отстранувајте ја шминката целосно. Држете го памукчето натопено со средство за отстранување шминка на окото неколку секунди за да може да ги разгради дури и најситните остатоци од маскарата.

Трепкајте (да, току е едноставно!)

Трепкањето ги распоредува солзите, кои се наоѓаат во внатрешната страна на капакот, преку целата површина на окото, а тоа го навлажнува, храни и заштитува од бактерии.

Проверете дали маската добро ви ежи. Таа треба да се потпира на гребенот на носот толку што здивот да не може да избега горе. Ако не сте сигурни дали маската е добро наместена, носете ја онаа со жица во горниот дел.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.