РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Најсочното бело месо – милина за непцата!

Лесен, а вкусен ручек

Пилешкото месо во вино се приготвува брзо и лесно

Лесниот ручек секогаш годи, особено ако е од бело месо. Сите знаат колку е тоа здраво и добро за линијата. Овој рецепт е малку покалоричен, но дефинитивно ќе уживате во него. Се готви во бело вино, а толку е меко и сочно што секое залаче ќе ви претставува вистинско задоволство.

Состојки:
  • 2 парчиња пилешко филе
  • 2 јајца
  • 10 г магдонос
  • 300 г брашно
  • 20 мл млеко
  • 50 г путер
  • 2 чешниња лук
  • кора од лимон
  • 100 мл бело вино
  • 20 г спанаќ
  • 70 г шери домати
Приготвување:
  • Истанчете го пилешкото малку со сукало, па посолете го и забиберете го.
  • Изматете ги јајцата со млеко и сечкан магдонос.
  • Извалајте го месото во јајца, па во брашно и пржете го.
  • Извадете го од тавче, па сипете путер, мелен лук и вино.
  • Оставете го така 2-3 минути, па додајте месо, спанаќ и половина од шери доматите.
  • Поклопете го и гответе го на ниска температура уште 2 минути.

Погледнете го видеото подолу за подетални упатства…

Ручек за денес: Пригответе превкусни милански шницли и почувствувајте се како да сте отпатувале за миг во Италија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.