Аристократка во џинс од глава до пети: Внуката на Грејс Кели го украла сето внимание на ревија на „Шанел“!

Шарлот Казираги

Шарлот Казираги уште еднаш докажала дека му останува верна на својот стил дури и кога носи „Шанел“ од глава до пети

Прекрасната внука на Грејс Кели пред неколку дена присуствувала на моден настан, како амбасадорка на модната куќа „Шанел“. Имено, модната куќа „Шанел“ секоја година ова време организира модна ревија во Монте Карло и тука ја претставува својата, можеби најпродавана, колекција на годината, со наслов cruise.

И овој пат гостите на овој престижен настан не пропуштиле да ги погледнат новите модели за наредната сезона, па така, покрај својата мајка Каролина од Монако, и Шарлот заблескала во џинс стајлинг со потпис на престижниот бренд.

Убавата аристократка се појавила во штепувани фармерки во сина боја и тексас-јакна од новата колекција, а сето тоа го украсила и со чанта од истиот материјал. Косата ја навиткала во умерени бранови, речиси во ретро-фазон, а на своето лице дополнително ги нагласила усните со црвен кармин.

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната принцеза?

Црн фустан до подот и елегантен штрас: Шарлот Казираги е олицетворение на стилот и отменоста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.