Настапија на Евровизија во Југославија во 1990 година и растурија: Каде се денес прекрасните Ромки од Шпанија? (ФОТО)

Азукар Морено

Љубителите на Евровизија, но и на шпанскиот мелос, сигурно се сеќаваат на групата Азукар Морено, која ја сочинуваа сестрите Тоња и Енкарна Салазар

Овие пејачки се прославија со песната Bandido која и денес е голем светски хит.

Се смета дека прекрасните сестри се меѓу првите изведувачи во Шпанија кои го комбинирале своето ромско наследство и традиционалниот начин на пеење „кантаора“ со урбани танцови ритами.

Со песната Bandido, сестрите Салазар ја претставија Шпанија на Песна на Евровизија, која во 1990 година се одржа во поранешна Југославија, поточно во Загреб.

Во салата „Лисински“ имаа мала незгода, а настапот остана запаметен поради техничкиот проблем, благодарение на кој излегоа на сцената и вторпат за да ја изведат песната како што треба.

Антонија пред неколку години објавила дека дуото се повлекува од музичката сцена на неодредено време, бидејќи на сестра ѝ ѝ бил дијагностициран рак на дојката.

Енкарна, за среќа, целосно оздравела, но исто така, тогаш соопштиле дека поради различните мислења, немаат намера да брзаат со обновување на кариерата.

Сепак, во октомври 2013 година, повторно се соединиле во една телевизиска емисија, како дуо, но и како сестри.


Сестрите Салазар отсекогаш биле мета на многу озборувања, и поради нивните лични конфликти, но и поради феминистичкиот активизам.

Тие исто така имаат најмногу обожаватели од геј-заедницата во Шпанија.

Шпанките од 1984 година продале повеќе од три милиони албуми и синглови во Шпанија, а во 1990-тите станаа познати и во остатокот од Европа, Латинска Америка и САД, со 12 милиони продадени албуми.

И денес настапуваат низ Шпанија и ги полнат концертните сали.

Вака изгледала Евровизија во 1956 година: Пронајдена е одамна изгубена копија! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.