Вака изгледала Евровизија во 1956 година: Пронајдена е одамна изгубена копија! (ВИДЕО)

Првата победничка песна

Изборот за песна на Евровизија првпат е одржан во 1956 година

Оттогаш до денес, овој музички фестивал го има задржано континуитетот и влегол во Гинисовата книга на рекорди како натпреварувачка телевизиска програма што најдолго се емитува.

Евровизија е специфична и по тоа што од првото организирање па до денес, секогаш се емитувала на телевизија и се снимала. Сепак, денес не постојат снимки од две Евровизии.

Првата изгубена Евровизија

Првиот избор за песна на Евровизија е одржан во 1956 година во Лугано, Швајцарија. Со оглед на тоа што тогаш малку Европејци имале телевизор, таа се пренесувала главно преку радиостаниците. Сепак, имало телевизиски сигнал, па била снимана и емитувана за оние малкуте што имале ТВ-приемници.

Сепак, оваа снимка денес се смета за изгубена. Се претпоставува дека дошло до тоа затоа што Евровизијата била, пред сé, снимана за радио.

Аудиоснимката од натпреварувањето преживеала. Повеќе децении подоцна се појавило видео од изведбата на победничката песна што го снимил фотографот Винченцо Викари и ова за сега е единствената пронајдена копија од првата Евровизија.

Втората изгубена Евровизија

Изгубена е и „Евровизија 9“, односно натпреварувањето одржано во 1964 година во Копенхаген во Данска, но од потполно други причини.
Тоа било првпат натпреварот да биде организиран од нордиска земја. Учествувале 16 земји, а Португалија биле дебитанти. За првпат, победила Италија, а натпреварот е познат и по тоа што Југославија за прв и единствен пат имала 0 поени. Претставник бил Сабахудин Курт со песната „Животот склопи круг“.

Како дошло до тоа да се изгуби снимката? Снимката постоела, но настрадала во пожарот во зградата на данскиот емитер, за време на 1970-тите.

Ниту еден друг емитер не го снимал целиот натпревар. Единствениот преживеани снимки се делови од некои песни, повторната изведба на победничката песна, како и аудиоснимка од натпреварувањето.

Реагирало обезбедувањето: Инцидент на церемонијата на отворање на Евровизија! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.