Малку ви се лабави или тесни? 6 одлични трикови со кои можете да ги проширите или стесните фармерките без кројач!

Дознајте повеќе!

Ако не сте подготвени да се откажете од вашите омилени фармерки, пробајте ги овие трикови

Сите сме се нашле во таа фрустрирачка ситуација – или фармерките ни се развлекле, па ни станале преголеми или материјалот се стеснил, па едвај можеме да ја навлечеме на себе микроскопската верзија од нашите омилени фармерки.

Фармерките може да бидат навистина проблематично парче облека. Поради лошиот материјал или погрешното одржување, големината може да им се промени при перењето и да ни стојат потполно поинаку од тоа како ни стоеле кога сме ги купиле. Токму затоа, понекогаш нашите омилени фармерки повеќе не ни се допаѓаат. За среќа, постојат неколку различни опции што можат да ја спасат оваа ситуација. Во продолжение, прочитајте како да ги раширите или стесните фармерките кога повеќе не ви стојат како претходно…

Ако фармерките ви се преголеми

1. Исперете ги во врела вода. Ако се развлекле малку, само ставете ги на стандардно перење во врела вода. Овој трик најдобро функционира со фармерки кои во голема мера се направени од памук. Екстра совет: Немојте да користите омекнувач за материјалот да не го смени премногу својот почетен облик.

2. Ставете ги во сушара за алишта. Откако ќе завршите со перење, ставете ги во сушара и вклучете ја врелата опција. Ткаенината ќе се собере и фармерките подобро ќе ви стојат.

3.  Секогаш можете да сошиете мал дел еластична лента на внатрешноста од појасот. Ако појасот се опуштил, пробајте го овој мал трик со којшто ќе ги затегнете фармерките од внатрешната страна токму до таа мера што најмногу ви одговара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karla Deras Chambers (@karla_deras)

Ако фармерките ви се премногу мали

1. Попрскајте ги со млака вода, па развлечете ги за да се растегнат. Влажните фармерки растегнете ги со раце во сите насоки и ќе видите како повторно ќе ви стојат како сошиени за вас!

2. Седете во топла када додека ги носите фармерките. Ова звучи малку лудо, но функционира. Навлечете ги фармерките, наполнете ја кадата со топла вода и седнете во неа. Топлата (не врела) вода ќе го опушти и растегне материјалот. Секако, овој трик треба да го пробате еден ден претходно и да ги оставите фармерките да се исушат кога ќе завршите со постапката.

3. Внимателно отстранете го појасот. Оваа техника е малку драстична, но одлична е ако сакате да бидете креативни. Практично ќе додадете материјал на појасот на фармерките и со тоа ќе ги направите еден број поголеми.

Жените „одлепија“ по овој модел на фармерки: Визуелно го стеснуваат струкот, а го подигаат задникот – еве во што е тајната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.