Црн фустан до подот и елегантен штрас: Шарлот Казираги е олицетворение на стилот и отменоста!

Како ви се допаѓа?

На свеченоста одржана во Монте Карло по повод државниот празник на кнежевството Монако, убавата внука на Грејс Кели, 35-годишната Шарлот Казираги, ќерка на принцезата Каролина од Монако, уште еднаш воодушевила со својот префинет моден избор

Црниот фустан е ненадминлив моден класик – а тоа го покажала и во оваа пригода во елегантна креација што ја потпишува куќата „Шанел“, чие заштитно лице е веќе некое време.

Убавата Шарлот воодушевила во фустан од црно букле со рамен крој од годинешната Pre-Fall колекција 2021 и совршено го заокружила изгледот со чантата Kiss-Lock и со впечатливи златни салонки со црни врвови, и двете парчиња исто така со потпис на „Шанел“.

Стајлингот за кој не може да се каже ништо лошо, го заокружила со коса подигната во женствена пунџа, а не заборавила ни на заштитната маска, исто така во црна боја.

Инаку, кон крајот на минатата година, ќерката на принцезата Каролина од Монако станала новата амбасадорка на француската куќа „Шанел“, а оттогаш, во секоја пригода се труди да носи креации со потписот на овој култен бренд.

Тоа било одлука што никого не го изненадила, бидејќи веќе со децении постои многу силна врска помеѓу монашкото кнежевско семејство и француската модна дива Шанел.

Најдобар пример за тоа е блиското пријателство помеѓу принцезата Каролина од Монако и долгогодишниот дизајнер на „Шанел“, Карл Лагерфелд, кој во 2019 година го напушти овој свет на 86-годишна возраст.

Шарлот е и мајка на два сина, Рафаел и Балхазар, а во 2019 година се омажила за филмскиот продуцент Димитриј Расам, син на познатата француска актерка Керол Бике.

15 најубави фустани со наметка видени на кралските дами (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.