Ручек за денес: Пригответе превкусни милански шницли и почувствувајте се како да сте отпатувале за миг во Италија!

Многу сочно јадење

Идеална комбинација на месо, кромид и домати

Доколку сакате да приготвите нешто ново за ручек, ова е идеалниот рецепт! Шницлите ќе ви бидат сочни, а од доматот ќе се создаде и превкусен сос.

Состојки:
  • 800 г до 1 кг шницли по избор
  • 1 домат
  • 200 мл доматен сок
  • 1 главица кромид
  • сол и бибер, лист од магдонос, малку босилек
  • брашно за валање на шницлите
  • масло
Приготвување:

Исчукајте ги шницлите, па посолете ги и забиберите ги. Премачкајте огноотпорен сад со масло, па на дното наредете ред шницли, без да ги валате во брашно. Посипете ги со сечкан кромид, малку босилек и магдонос.

Наредете втор ред шницли, што ќе ги извалате во брашно и ќе ги посипете со кромид. Повторувајте го истото додека имате шницли.

На крај, прелејте го сето тоа со малку масло, не повеќе од 100 мл и со доматен сок.

Долејте малку вода, колку да биде целото јадење во течност. Одозгора наредете исечени кругови домат.

Ставете го јадењето во рерна и вклучете ја на 200 степени. Пред да го ставите во рерна, покријте го садот со алуминиумска фолија или со капак.

Печете ги околу 2 часа. По час и половина, проверете ги, протресете ги шницлите со виљушка, доколку се залепиле една за друга. Можете и да ја отстраните фолијата или капакот за да се потпечат малку и одозгора.

Добар апетит!

Ручек за денес: Ловечки шницли – највкусното месо што некогаш сте го пробале!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.