Откриени се детали од тајниот договор: Најтажната принцеза останува во палатата против своја волја!

Дознајте повеќе

Шарлин од Монако е врзана за принцот Алберт со договор

Францускиот магазин Voici открил пикантни детали за враќањето на принцезата Шарлин во Монако. Имено, новинарите на овој тиражен магазин дошле до сознание дека таа и нејзиниот сопруг наводно склопиле финансиски договор за да продолжи принцезата да ги извршува своите службени должности во кнежевството. Принцот Алберт, како што пренесува Voici, плаќа голема сума за тоа, дури 12 милиони евра годишно.

Шарлин најголемиот дел од времето ќе го поминува во Швајцарија, каде што близнаците Жак и Габриела ќе ја посетуваат за време на празниците, а во замена за големата сума пари ќе мора да учествува на настани важни за кнежевството. Еден од нив е и Bal de la Rose.

Балот над баловите, како што нарекуваат, го основала мајка му на Алберт, принцезата Грејс Кели, во 1954 година, со идеја да го собере високото друштво од целиот свет и на тој начин да собере пари за помош на децата и сиромашните. Годинешниот Бал на розите е закажан за 8 јули.

Да се потсетиме, принцезата Шарлин конечно се појавила првпат во јавност по лекувањето на психијатриска клиника надвор од земјата. Со сопругот Алберт и близнаците Жак и Габриела се појавила на трката на Формула 1, E-Prix, која се одржува во Монте Карло секоја втора година.

Принцезата Шарлин повторно во јавност по 4 месеца лекување на психијатрија: Еве како изгледа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.