Принцезата Шарлин повторно во јавност по 4 месеца лекување на психијатрија: Еве како изгледа!

Неверојатно

Велат дека принцезата Шарлин се излечила и му се вратила на семејството

Принцезата Шарлин неодамна се вратила во Монако по речиси четири месеца лекување на психијатриска клиника во Швајцарија. Иако во кнежевството се зборува дека не живее во палатата, туку на селскиот имот на Грималди во близина, пред велигденските празници, од дворот пристигнале портрети на среќното семејство.

Додека сите претпоставуваат дека семејството воопшто не е среќно, односно дека Шарлин го оставила принцот поради бројните неверства што ја довеле до депресија, ниту еден од нив сé уште не се изјаснува кога станува збор за развод.

Светските медиуми шпекулираат дека Шарлин не може да го напушти Монако и принцот, бидејќи би го изгубила старателството над децата, без кои не може да си го замисли животот.

Овој Велигден, насмевката се вратила на лицето на убавата принцеза. За тоа, несомнено најзаслужни се нејзините деца Жак и Габриела. Последниот пат кога ги видовме во јавност беа тажни, бидејќи им недостасуваше мајка им, но сега конечно сите се заедно.

Шарлин, принцот Алберт, децата и остатокот од семејството присуствувале на велигденската служба во капелата Свети Јован, во комплексот на палатата. Според фотографијата, а сликите честопати кажуваат повеќе од илјада зборови, сé е во најдобар ред на дворот на Монако.

Му помогнале на зетот да ја смести сестра им во лудница: Кои се браќата на принцезата Шарлин?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.