Ручек за денес: Ловечки шницли – највкусното месо што некогаш сте го пробале!

Пробајте!

Идеален рецепт за понеделнички ручек

Не е лесно да приготвите вкусно, меко и сочно месо, особено кога станува збор за телешко. Со овој рецепт нема да погрешите, се приготвува лесно и успева секој пат!

Состојки:
  • 500 г телешки шницли
  • 1 лажица брашно
  • 2-3 лажици масло
  • 2 чешниња лук
  • мелена слатка пиперка
  • бибер
  • магдонос
  • мешавина од зачини
Приготвување:

Исечете ги шницлите на подебели парчиња и исчукајте ги, па пропржете ги на масло. Кога ќе заруменат малку, извадете ги шницлите, па на истото масло пропржете лук, додајте брашно, црвена пиперка, зачини и бибер, па сипете вода за добиете сос.

Вратете ги шницлите во сосот и гответе ги со долевање вода додека омекнат. Можете да ги динстате и во експрес-лонец за да бидат уште помеки и неодоливи.

Кога шницлите ќе бидат готови, посипете ги со малку ситно сечкан магдонос.

Вака вкусно приготвеното месо можете да го послужите со помфрит, пире од компири или со ориз. Добар апетит!

Вкусен и хранлив ручек за цело семејство: Телешки шницли во сос
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.