Водителката и сопруга на фудбалер чека четврто дете! Таа е посветена мајка и изгледа фантастично

Уживаат!

Се венчале минатата година

Пилар Рубио е водителка и сопруга на фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Тие се во врска од 2013 година, се венчале на гала-прослава во јуни минатата година, а сега го чекаат четвртото дете!

На заедничките фотографии може да се види дека парот апсолутно ужива во семејните мигови, а синовите Серхио, Марко и Алехандро постојано се со нив.

https://www.instagram.com/p/B6wYt-gIU-u/

Познатата шпанска водителка ја споделила среќната вест во една од емисиите, а на тоа се израдувале многу нејзини обожаватели што ја следат нејзината работа.

Пилар ужива во секој момент од бременоста, а признала дека со консултации на експерти, одлучила да се обиде линијата и кондицијата да ги одржува со здрави навики и во бременоста.

https://www.instagram.com/p/B75oXwDoUmU/

„Го почнуваме денот со тренирање со Алекс. Многу сум мотивирана и се обидувам да се прилагодам на новата состојба. Мене ми е важно да се обидам да продолжам со животот со истото темпо и во бременоста, но онака како што ми препорачуваат професионалците“, напишала таа во описот на фотографијата.

Се чини дека капитенот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид имал среќа во изборот на партнерка за цел живот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.