Оваа здрава храна никако не смеете да ја јадете кога сте болни: Само ќе ги влошите настинката и грипот!

Список на намирници

За овие намирници не важи фразата „здравјето влегува низ устата“

При првите знаци за настинка или грип, знаете што се прави: се готви домашна пилешка супа, се прави чај во кој се додава лимон или ѓумбир, се пие сок од свежо цеден портокал и се јадат цитруси во големи количини.

Знаете дека никако не смеете да внесувате благо, особено ако имате болки во грлото!

Но дали знаете дека некоја здрава храна може дополнително да му наштети на вашето здравје?

Еве список на производи што никако не смеете да ги јадете кога сте болни…

Кога имате грип, настинка или грозница, одбегнувајте:

Спанаќ – се смета дека спанаќот ги активира клетките, наречени мастоцити, да ослободуваат хистамин и го активираат воспалителниот процес, што дополнително го влошува заморот и другите симптоми на настинка и грип.

Ореви – овој производ содржи хранливи состојки што му помагаат на телото да се избори со инфекциите, како што се цинк и витамин Е. Но најдобро е да се воздржите од консумирање на овој производ во почетната фаза на болеста, особено ако имате стомачен вирус или грозница. Оревите се богати со маснотии што телото мора да ги согорува долго, а тоа може да ви ја одземе енергијата што ви е потребна.

Брокули – за да не го иритирате гастроинтестилниот тракт, јадете храна што содржи помалку влакна и која е полесна за варење, за телото да има време да се бори против инфекцијата.

Наместо тоа, можете да јадете: печурки, лути пиперчиња, пилешка супа…

Кога имате главоболка, мора да одбегнувате:

Старо сирење – колку што е производот постар толку повеќе хистамин содржи, а старото сирење е на врвот од таа листа. Хистаминот може да предизвика ширење на крвните садови во мозокот, предизвикувајќи главоболка или влошувајќи ја состојбата.

Ферментирани производи – тираминот и аминокиселините, што се наоѓаат, на пример, во киселата зелка и салатите, можат дополнително да ја зголемат и влошат главоболката, бидејќи на некои луѓе им е тешко да ги разградат.

Наместо тоа, можете да јадете: свежа краставица, говедско и немасно месо.

Кога ве мачи кашлица и болка во грлото, одбегнувајте ги овие производи:

Свеж зеленчук – свежиот зеленчук може дополнително да ви го изгребе грлото.

Цитруси – ако јадете цитруси кога сте настинати, тоа ќе ве наполни со витамин Ц, но од друга страна, нивото на киселост што го содржат лимонот или грејпфрутот, може дополнително да го иритира грлото.

Наместо тоа, јадете: јајца во сите облици и мед (сиров или во чај)

Кога имате мачнина, болки во стомакот и дијареја, одбегнувајте ги овие производи:

Млечна храна – кога ви е лошо во желудникот, млечните производи можат само да ја влошат состојбата и болките во стомакот.

Житарки – овој производ содржи толку влакно што на телото му е многу тешко да ги свари. Истото важи и за мешунките.

Грав – од истите причини, кога имате стомачни проблеми, не јадете грав.

Наместо тоа, јадете: банани, чист, варен ориз, овесна каша.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.