Детални астро-прогнози за февруари: Месецот ќе почне со апсолутно романтичен спектакл!

Подгответе се!

По најдолгиот месец во годината, пристигнува најкраткиот!

Откако го преживеавме најдолгиот месец во годината, доаѓа февруари – најкраткиот месец во годината, иако годинава ќе има 29 дена наместо стандардните 28.

Месецот ќе почне со апсолутно романтичен спектакл што веќе некое време го подготвува Венера во Риби.

И во јануари имавме љубовни подвизи, идеализации, сомнежи, неверства, емоционални успеси и падови, љубовни прилики и неприлики – а тоа ќе продолжи и во првиот дел на февруари.

Вистинските љубови ќе се стабилизираат, ќе ги решат своите проблеми и ќе продолжат понатаму. Оние на кои планетите им донесоа само краткотраен занес – ќе заборават на него, како никогаш да не ни постоел. Знакот Јарец цврсто ја држи својата водечка позиција на небото со Јупитер, Плутон и Сатурн. Во Водолија се Сонцето и Меркур, осамениот Уран е во знакот Бик, а Месечината се наоѓа на последниот степен на Овенот. Сите планети се директни.

Уште на 2 февруари, од знакот Водолија, Меркур ќе влезе во својата ретроградна сенка и на 3 февруари ќе премине во знакот Риби – лоша позиција за ова планета, а знакот ќе го почне своето ретроградно враќање. Тргнува ретроградно на 17 февруари, а тоа значи Марфиев закон во полна пареа и секојдневно  на дело. Проблеми со документи, договори, техника и така натаму. Малку ќе се враќаме и на работите што не сме ги завршиле, на минатото, на прекинатите контакти, на луѓето што одамна не сме ги виделе и чуле…

На 7 февруари Венера преминува во знакот Овен. Да речеме дека ова се денови во кои ќе „прогледаме“ кога е љубовта во прашање. Многу појасно ќе ги гледаме ситуациите во кои сме биле и луѓето што сме ги идеализирале и нема да биде чудно што многу емотивни приказни од овој период па натаму ќе се распаѓаат, а новите ќе започнуваат со огнени, возбудливи и еротски импулси.

На 9 февруари полната Месечина ќе биде во Лав. Полната Месечина обично предизвикува тензија, па и овој пат ќе има непотребни драми.

На 16 февруари Марс од знакот Стрелец преминува во Јарец. Јарецот е местото на Марсовата егзалтација, па наредниот месец и половина дена не’ очекуваат борби поврзани со работа, позиција, статус, авторитети, стабилност. Ова е период кога може да се очекува нешто што многу долго се чекало, но и период во кој мора да покажеме исклучителна претпазливост и одговорност.

На 19 февруари Сонцето преминува во знакот Риби и почнува владеењто на овој знак. Официјално ни останува само уште еден месец до пролетта.

Месецот февруари можеби е краток, но ќе биде исполнет со многу случувања и големи промени на енергија. Мирно чекорете низ него, и ако можете чекорете право. Меркур можеби оди наназад, но немојте и вие!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.