Во нив нозете изгледаат вито, а сезонава се апсолутен хит: Најпосакуваниот модел фармерки изгледа вака!
Во тренд
Сите жени ќе го обожаваат овој модел
Вистински предизвик е да се најде совршениот крој фармерки. Потрагата по модел што добро стои, ги крие сите недостатоци, а го истакнува само најдоброто на телото, може да потрае.
Меѓутоа, најдовме токму таков. Освен што совршено стои, овој модел ќе биде водечки тренд во сезоната пролет/лето.
https://www.instagram.com/p/B6a766TojmB/?utm_source=ig_embed
Ѕвонарките минатата година владееја со модната сцена, а и сега продолжуваат со својата доминација, но со мали измени. Модните дизајнери велат дека малку пошироките модели со висок струк ќе бидат кројот што жените ќе го обожаваат.
https://www.instagram.com/p/B43IVXmhyAA/?utm_source=ig_embed
Во овие фармерки ќе се чувствувате пријатно, а истовремено ќе изгледате и феноменално. Поради високиот струк, нозете ќе ви изгледаат повити и подолги, што ги прави совршен избор за која било градба на тело.