План од 21 ден за паметно шетање: Со него ослабеле и најголемите мрзливци!

Ќе си го подобрите и здравјето

Не постои полесен начин да ослабите, а истовремено и да си го поправите здравјето

Ако сте почетник во вежбањето, би требало да го пробате планот од 21 ден за паметно шетање, кој го смислила личната тренерка Галина Дензел.

Овој план за шетање не само што ги топи килограмите, туку и го подобрува здравјето, а изгледа вака!

Првата недела е недела на издржливост

Прв ден

Почнете со 5 минути лесна прошетка наутро и навечер.

Втор ден

7 минути прошетка наутро и навечер.

Трет ден

Третиот ден почнува и завршува со 9 минути шетање.

Четврти ден

Ја зголемуваме прошетката на 10 минути два пати дневно.

Петти ден

Наутро и навечер шетаме по 12 минути.

Шести ден

15 минути прошетка наутро и навечер.

Седми ден

Последниот ден од неделата на издржливост шетаме 18 минути наутро и 18 минути навечер.

Втора недела

Осми ден

Почнуваме со две минути лесно, нормално одење за да се загрееме, па преминуваме на 10 минути брзо одење и завршуваме со две минути бавно одење.

Деветти ден

20 минути умерено брзо одење.

Десетти ден

Десеттиот ден го почнуваме со 5 минути бавно одење, а потоа 12 минути брзо, па повторно 5 минути нормално одење.

Единаесетти ден

Десет минути умерена прошетка.

Дванаесетти ден

5 минути бавна прошетка, 15 минути брзо одење, завршуваме со 5 минути нормално одење.

Тринаесетти ден

20 минути шетање со умерено одење.

Четиринаесетти ден

Последниот ден од втората недела почнува со 5 минути бавно одење, по кои следуваат 18 минути брзо одење, а потоа повторно 5 минути умерено.

Трета недела

Петнаесетти ден

Последната недела ја почнуваме со 10 минути качување и слегување по скали, а потоа две минути шетање, за да се „оладиме“.

Шеснаесетти ден

20 минути умерено одење.

Седумнаесетти ден

Се враќаме на скали – 12 минути качување и слегување и на крај 2 минути бавна прошетка.

Осумнаесетти ден

Овој ден е малку поинтензивен – почнуваме со 25 минути одење со умерена брзина, а потоа две серии по 12 клекнувања.

Деветнаесетти ден

Се качуваме и слегуваме по скали 20 минути, а потоа шетаме бавно три минути.

Дваесетти ден

Шетаме 25 минути со умерено одење.

Дваесет и први ден

Последниот ден од овој план шетаме 20 минути со брзо одење, а потоа три минути умерено.

Галина Дензел тврди дека со помош на овој план може да ослабите 2-5 килограми за овие три недели, а ако воведете дополнителни 20 минути лесна прошетка секој ден, годишно ќе слабеете околу 3 килограми, без да почувствувате напор.

Би го пробале овој план за слабеење?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.