Никогаш не е доцна за Никол
Никол Шерцингер ужива во љубовта со својот дечко Том Еванс, а пејачката не се ни обидува да ја скрие својата заљубеност. Разликата од 7 години речиси не се забележува.
Парот бил фотографиран на романтично патување во Лондон, каде што прошетале држејќи се за рака. Црниот кожен комбинезон што пејачката го облекла за оваа прилика измамил многу погледи.
https://www.instagram.com/p/B79uiUxhzro/
Презгодната Никол изгледа дека на 41 години нашла љубов, а поранешниот играч на рагби претходно изјавил дека е маѓепсан од нејзиниот талент.