Во 1973 година, оваа жена се изборила за правото на абортус: Денес целиот свет зборува за нејзината приказна!

Неверојатна приказна

Вест на денот вчера, но и вест на денецијата беше дека Врховниот суд на Америка ја поништил пресудата на Џејн Роу против Хенри Вејд од 1973 година – Поништувањето значи дека абортусот нема автоматски да стане нелегален во САД

Сигурно се прашувате каков е тој закон „Роу против Вејд“ кој деновиве беше поништен во Америка.

Еве за што станува збор:

Судскиот процес Роу против Вејд датира од 1973 година. По овој случај, за којшто одлучувал американскиот Врховен суд, во САД бил легализиран абортусот од која било причина до периодот кога фетусот може да преживее без мајката (најчесто до седмиот месец). По седмиот месец, абортусот бил дозволен во случај на животна загрозеност на трудницата. Овој случај се смета за еден од најконтроверзните судски процеси во историјата на Врховниот суд.

Џејн побарала помош кај адвокатките Сара Ведингтон и Линда Коф, кои непосредно пред тоа дипломирале на University of Texas Law School. Адвокатите барале дозвола за абортус кој дотогаш бил дозволен само во посебни околности.

Врховниот суд на 22 јануари 1973 година донел одлука во корист на Џејн Роу. Поротата гласала 7:2.

Според одлуката на Врховниот суд, бременоста е поделена на три дела, па во согласност со тоа, било одлучено следново:

  • Во текот на првите три месеца од бременоста, САД не може да го забрани абортусот, туку одлуката за абортус мора да ѝ се препушти на трудницата.
  • Во текот на вторите три месеца, државите можат да го забранат или регулираат абортусот, доколку тоа е потребно за зачувување на животот на трудницата.
  • Во последното тромесечје од бременоста, државите можат да го регулираат, дури и да го забранат абортусот во интерес на зачувување на пренаталниот живот, освен ако абортусот е неопходен за зачувување на животот на мајката.

Џејн на крајот одлучила да роди изјавувајќи дека во текот на судскиот процес не била доволно информирана за одредени постапки и не знаела што е всушност абортус, како и дека не би учествувала во сето тоа кога би ја знаела вистината.

Таа починала во 2017 година на 69 години во центарот за помош во Тексас. Наводно, на смртната постела кажала дека никогаш не го поддржувала движењето против абортус во целост. Во документарецот AKA Jane Roe, таа изјавила дека била платена за да каже одредени работи.

Џејн во 1981 година станала активистка во Националната организација за жени во Далас. Соработувала со здруженија што поддржувале абортус. Во средината на 1990-тите години им се придружила на групи кои се бореле против абортус. Всушност, таа ниту го поддржувала абортусот ниту се борела против абортус, туку сметала дека прекинот на бременоста би требало да биде дозволен три месеца по зачнувањето.

Ќе ви го стопи срцето: По 7 спонтани абортуси, мајка го зема во прегратка своето бебенце по породувањето! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.