„Некогаш едвај стигнувам да се напијам чаша вода“: Петар ја открива вистинската слика за работата во Германија!

Воопшто не е таква каква што си ја замислувате

Сите мислат дека животот во странство е подобар…

Вечна расправа кај нашиот народ е работата во странство. Додека едни сметаат дека тоа е патот до стекнувањето големо богатство во животот, други мислат дека голем успех може да се постигне и во нашата земја, доколку си вреден и дисциплиниран. Токму дисциплината е клучот за сѐ! Стандардите во Германија и кај нас драстично се разликуваат. Тоа на своја кожа го почувствувал и Петар.

Имено, Петар со години работи во Германија и детално опишува како изгледа еден негов работен ден таму, како и неговите општи впечатоци од животот во странство…

„Со неполни 20 години отидов кај родителите во Германија. Според тогашниот закон бев малолетен, а служев војска. Полнолетството почнуваше од 21 година. За неколку месеци ги средив сите документи и најдов работа од огласи. Дотогаш работев малку на црно. Тешко ми беше да станувам во 4.30 часот наутро, но се навикнав. Се работи од 6 часот. Ако стигнеш во 5.50 часот, веќе е доцна – не стигнуваш ништо, ниту да се преслечеш, ниту кафе да испиеш…“, раскажува Петар.

Еве како изгледа неговиот распоред на работа:

  • Во 6.01, машините бучат како да е 10 часот.
  • Во 8.55-9.00 се мијат раце.
  • Од 9.00 до 9.10 е време за појадок.
  • Времето за појадок е на товар на работодавецот.
  • Во 11.55 се мијат раце.
  • 12.00-12.30 е време за ручек (тој половина час се одработува)

Во текот на работниот ден некогаш нема време ни вода да се напие, а ако сакаш да одиш во тоалет, викаш бригадир да те замени (не е ограничено колку пати).

„Кој не сака да се навикне на таква или слична дисциплина, нека остане тука. Условите за работа се екстра – иста температура и во лето и во зима. Прекувремената работа се плаќа и се најавува неколку дена однапред и не е задолжителна, само со договор. Кога се работи – се работи, а кога ќе си одиш дома – никој не те вознемирува во врска со работата“, заклучува тој.

Се поставува прашањето: дали навистина не може да се постигне успех во Македонија со толкав труд и со таков начин на работа? Што мислите вие?

Кариера во странство: Изберете која земја е најдобра за вас
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.