РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Сочно мисиркино месо во сос од мирудија – не мора да размислувате колку сте изеле, бидејќи многу е здраво!

Лесно се приготвува!

Со оглед на тоа што ова е едно од најздравите меса, пожелно е што почесто да го вклучувате на вашата трпеза

Мисиркиното месо не е толку застапено на нашата трпеза како пилешкото, но исклучително е здраво и би требало почесто да го вклучувате во исхраната. Со други зборови, се работи за суперхрана, која може да се консумира без да размислувате кога и колку сте изеле, како и со што сте ја комбинирале. Мисиркиното месо во сос од неутрална павлака и мирудија ќе ги воодушеви сите вистински гурмани, а приготвувањето е многу едноставно!

Состојки:
  • 500 г мисиркино месо
  • 500 мл павлака за готвење
  • 70 г путер
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лаврова листа
  • 1 врзоп мирудија
  • 1 лажица масло
  • сол, бибер
Приготвување:

Исечкајте го мисиркиното месо на покрупни парчиња, добро посолете го и забиберете, па прелејте го со лажица масло и сето тоа добро втријте го во месото. Пржете го месото на загреан путер, па кога ќе зарумени, извадете го на топла чинија.

Во истото тавче, ставете ситно сечкан кромид и лук и лавор, па динстајте додека кромидот убаво омекне и стане стаклест. По потреба, долејте малку топла вода.

Кога кромидот доволно ќе омекне, вратете го месото во тавчето заедно со сокот во чинијата и сето тоа прелејте го со павлака. Нека се крчка уште пет минути на умерена температура, па посипете го со свежа мирудија. Послужете го со прилог по желба или со сезонска салата.

Вака турските домаќинки приготвуваат пилав: Воопшто не користат рерна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.