Сека Алексиќ откри како реагирал нејзиниот син Јаков кога дознал дека мама е бремена
Пејачката проговори и за полот на бебето
Не е тајна дека Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ долги години водеа борба за потомство. На нивната среќа и’ немаше крај кога фолк-пејачката го роди нивниот син Јаков, а сега се дупло посреќни бидејќи дознаа дека Алексиќ е повторно бремена.
Длабоко во себе чувствував дека тестот ќе биде позитивен и така и се случи. Вељко беше присутен и дознавме заедно. Малку е да кажам дека бевме воодушевени. Тоа е радост што не се мери, само се чувствува. На Јаков веднаш му кажавме дека мама е во благословена состојба и дека наскоро ќе добие брат или сестра“, раскажа Сека за „Блиц“, и објасни дека нејзиниот постар син посакува машко друштво и дека бебето во нејзиниот стомак го ословува со „бато“.