Ким Кардашијан ѝ го честита 6. роденден на ќерка си, но поради заедничката фотографија, жестоко ја искритикуваа (ФОТО)
„Не можеш ни да се насмееш!“
Најпознатата ѕвезда на реалните шоуа Ким Кардашијан го прослави шестиот роденден на својата ќерка Норт Вест, па, логично, тоа требаше да биде голема и среќна вест за нејзините обожаватели, нели?! Е, па не беше така. Нешто друго им го привлече вниманието на сите што ја видоа заедничката фотографија со која Ким и’ го честита роденденот на својата наследничка…
Имено, сите коментираа дека Ким изгледа помладо од својата 6-годишна ќерка!
Не можеш ни да се насмееш. Твоите деца ќе имаат голем комплекс поради тоа што си пластична и очигледно несреќна од сопствениот изглед“, е само еден од низата негативни коментари.