Модерни и на плажа: 7 модели на костими за капење што се главен тренд оваа сезона

За секого по нешто

Инстаграм во последно време ги диктира модните трендови, но во овој случај тоа правило не важи

Костимите за капење се лизгав терен, па она што го гледате на социјалните мрежи, најверојатно нема да одговора на реалната состојба на плажите. Имено, на профилите на инфлуенсерките веројатно ќе видите неонски танги или, пак, бикини што едвај покриваат стратешки места, па можеби ќе си помислите дека токму таквите модни парчиња ќе бидат задолжителни. Сепак, тоа не е така.

Наместо тоа, почестете се со некој од следниве седум модели на костими за капење со кои не можете да погрешите…

Костим за капење од растеглива ткаенина

Уникатноста на овие костими за капење е токму во необичниот материјал кој во последно време се користи за шиење едноделни, но и дводелни модели. Нивната ненадејна популарност се должи на брендот Hanza G кој во својата колекција вклучил цела низа вакви костими за капење.

Животински дезен

View this post on Instagram

☀️🐆💕

A post shared by Antonija Stupar Jurkin (@antonija_stupar_jurkin) on

Змиите, тигрите, леопардите и зебрите оваа сезона ќе завладеат со плажите, но со оглед на тоа што популарноста на животинскиот дезен веќе некое време не стивнува, мора да признаете дека не е никакво изненадување тоа што од другите модни парчиња се преселил и на костимите за капење.

Едноставност и класика

Невозможно е да погрешите со ваквиот избор на бикини. Станува збор за модел што успешно ги преживува сите инстант-трендови кои се појавуваат од сезона во сезона.

Ретро-принт

View this post on Instagram

🐚

A post shared by Emma Hoareau (@emmahoareau) on

Ако не знаете за што зборуваме, ѕирнете во старите семејни албуми и погледнете какви костими за капење сте носеле кога сте имале осум години. Да, токму тие ретро, карирани или, пак, цветни принтови повторно се голем хит.

Неутрални бои

Ова лето со плажите ќе владеат 50 нијанси на беж боја која подеднакво добро изгледа и на едноделни и на дводелни костими за капење.

Висок струк

View this post on Instagram

Last jump before going home 🌴😎

A post shared by majasuput (@majasuput) on

Костимите за капење, односно гаќичките со висок струк, најверојатно се најдобриот тренд оваа сезона. Им стојат буквално на сите, бидејќи ја нагласуваат женствената линија на телото и облините.

Флуоресцентни бои

View this post on Instagram

Constant perma grin 😬

A post shared by R O C H E L L E H U M E S (@rochellehumes) on

Ако сакате да бидете сигурни дека сите погледи на плажа ќе бидат вперени во вас, одберете силни флуоресцентни бои кои поради сонцето ќе изгледаат уште повпечатливо.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време