Доволни се 10 минути дневно: Еве како да ги изгубите вишокот килограми со минимален напор!

Скратен пат до вита линија

ФОТО: Shutterstock

Ако не сте љубители на вежбалниците и долгите, напорни тренинзи, оваа вест сигурно ќе ве израдува

Се’ што ви треба за да постигнете резултати е малку слободен простор и 10 минути време дневно.

Трикот кај оваа програма е во тоа што дневната активност се сведува на 10 минути интензивен тренинг, што мора да признаете дека подобро звучи од еден час потење во вежбалница. Она што е најважно е да го изведувате тренингот со зголемен интензитет, за да потрошите повеќе калории.

Ваквиот тренинг би требало да биде исклучиво кардио, а најдобрата активност од овој тип е скокањето на јаже.

Освен што троши многу калории, прескокнувањето јаже не е воопшто здодевна активност.

За ваков вид губење килограми, потребно е трпение. Резултатите ќе бидат видливи, но не очекувајте ги прекуноќ. Дајте си себе еден месец за резултатите да станат видливи.

Освен тоа, тренингот можете да го повторите и два пати во текот на денот, па процесот на слабеење ќе биде значително побрз.

Пуштете музика, јажето во раце и тргнете во борба со тие вишок килограми.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.