Сара Мејс вчеравечер објави дека е бремена и дека таа и водителот Димитар Атанасовски вторпат ќе станат родители, споделувајќи фотографија од ултразвук од бебето.
View this post on Instagram
Бебе број 2, (ако ги броиме и Атос и Бела со Димитар, а треба, е, тогаш број 4 е)“, напиша популарната пејачка покрај објавата од ултразвукот.
Веста ја сподели и гордиот татко, кој на својот инстаграм-профил шеговито напиша:
Бебе, биди добро, бар еден нормален у фамилија да имаме“.
Сара за Женски магазин откри дека е во четвртиот месец од бременоста и дека е пресреќна што семејството ќе се прошири.
Одлично се чувствувам, засега сè е како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјавила Сара.
Сара и Димитар станаа родители во 2018 година кога ја добија ќеркичката Илина, која сега има три години. А, дали Илина ќе добие братче или сестричка, останува да видиме.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм