Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ смислувале имиња за своите деца, а тој сега со друга жена чека бебе

Не можете да го избегнете мигот што е неизбежен

Фото: Tabloid.hr - RTL

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ѝ ставија точка на својата љубов по речиси две децении заеднички живот. Меѓутоа, славниот музичар не самуваше долго време и среќата ја пронајде покрај 14 години помладата Хана Хулјиќ, со која го чека своето прво дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Изминативе неколку месеци веста за раскинувањето на Мартиновиќ и Грашо е главна вест во регионот, па постојат разни шпекулации на оваа тема, но Мартиновиќ првпат го искоментира раскинувањето за магазинот „Глорија“, во кое истакна дека врската со Грашо е „убаво минато“.

Не можете да го избегнете мигот што е неизбежен.“

Пејачката никогаш не криеше дека сака да се оствари во улогата на мајка, а во една пригода раскажа дека со Грашо смислувале имиња за децата што еден ден ќе ги имаат.

Имавме неколку варијатни, да биде Тони ако е машко, по дедото на Петар, и Луце ако е девојче, по баба ми. Имаме варијанта Алба, што на италијански значи зора“, изјави таа.

Данијела и Грашо се запознаа во 1995 година, кога таа имаше 24, а тој само 19 години. Две години подоцна, почнаа романса, која никогаш не ја крунисаа со брак.

Мошне интересен е фактот дека за првата средба на Петар и Данијела придонела песната „Носталгија“ со која Данијела тогаш победи на натпреварот за песна за „Евровизија“, а која за неа ја напиша брачната двојка Хулјиќ, родители на сегашната избраница на Грашо.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.