Ќе се згрозите: Ова е најодвратното нешто што бебињата го прават во матката на мајката

Подготвени сте да дознаете за што станува збор?

Она што се смета за одвратно е релативна работа, барем што се однесува до бебињата

Животот на бебето во матката е сигурно и топол, но и по малку одвратен. Сите знаеме дека самото породување вклучува неколку грозни моменти, но сепак ова е најдовратното нешто што бебињата го прават во матката на мајката. Подготвени сте да дознаете за што станува збор?

Бебињата што се развиваат во матката ја пијат сопствената урина! Бубрезите на фетусот стануваат активни во 11-тата недела од неговиот развој. Иако амнионската течност ги содржи воглавно телесните течности на мајката во првите денови од бременоста, со текот на времето сѐ повеќе наликува на бебешка урина. До крајот на бременоста, амнионската течност содржи повеќе урина од летните базени!

Околу 11-тата недела од развојот, доаѓа до уште еден развоен момент. Мембраната што ја блокира устата на телото се распаѓа. Тоа значи дека бебето почнува да голта во истиот период кога почнува да уринира. Зар не е природата волшебна?! Не грижете се! Сосема е нормално доколку мислите дека целава ситуација е одвратна.

Сигурно се прашувате дали е штетно тоа што бебето пие урина во првата половина од бременоста? Накратко, не е штетно. Оваа течност многу брзо се филтрира преку бебето и целиот процес е дел од животот во амнионската мембрана. Не заборавајте дека амнионската течност ги содржи и мртвите кожни клетки на бебето, кои немаат каде да одат откако бебето ќе се ослободи од нив во матката.

Иако сето ова ви звучи одвратно, не смее да се потцени улогата на амнионската течност. Таа го заштитува бебето, ја одржува температурата во матката и ја заштитува папочната врвца. Освен тоа, голтањето на амнионската течност му помага на бебето да го развие и зајакне дигестивниот систем. Целиот овој развој има смисла иако звучи грозно. Можете ли да си замислите како пливате во када полна со вашата сопствена урина, други течности и неколку лажички мртви кожни клетки? И потоа да пивнете малку од сето тоа? Најверојатно не би го сториле тоа ни да ви нудат милион евра, но бебињата не се толку пребирливи.

Бебињата на некој начин живеат во урина сѐ до нивното раѓање, но што е со другите работи? Можете да се опуштите, бидејќи бебето не може да се „олесни“ во матката. Фетусите во развој го задржуваат првиот измет, познат како мекониум, и го испуштаат неколку часа по раѓањето. Секако дека постојат и исклучоци. Ако породувањето било тешко, бебето може да го испушти мекониумот во матката. Во некои случаи, бебето може да го вдиши мекониумот во матката и лепливата супстанца може да ги блокира дишните патишта на бебето и да доведе до сериозни проблеми со дишењето. За среќа, ваквите компликации се многу ретки и докторите ќе внимаваат на оваа можност.

После сите овие информации можеме да заклучиме само дека она што се смета за одвратно е релативна работа, барем што се однесува до бебињата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.