СЕНЗУАЛНА УМЕТНОСТ: Ријана го полуде светот со своите фотографии и повторно го урна ИНТЕРНЕТ – разголена трудница

Како и секогаш, пејачката ги остави сите без зборови и ги залепи за екранот кога нејзините фотографии од бременоста ја здогледаа светлината на денот!

Познато е дека речиси 20 години медиумите постојано го следат секој нејзин потег и дека живее под лупата на јавноста, иако самата пејачка дава многу материјал за тоа. Овој пат Ријана се најде во центарот на вниманието објавувајќи уметнички фотографии со трудничкиот стомак.

Ултракратките црни шорцеви и градникот со ист дизајн, секако со високи потпетици, со фризурата што ја носеше на почетокот на кариерата, долга права коса со шишки, ги запали сите социјални мрежи и како што некои јавни личности сакаат да кажам, „го скрши Интернетот“. Во преден план секако беше нејзиниот труднички стомак, а „лудата“ атмосфера ја евоцираше со расфрлани хартии.

Исто така, на својот инстаграм-профил сподели фотографии на кои е гола, но со уметнички шарм. Облеано со сонце, нејзиното тело го краси само скап предимензиониран накит. Многумина коментираат дека ова е еден од најубавите едиторијали што пејачката ги имала, а ние се согласуваме со овие тврдења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.