МУ ДАВААТ САМО УШТЕ 2 ГОДИНИ ЖИВОТ: 39 години помладата свршеница објави ШОКАНТНИ фотки со саканиот актер кој умира – а виновни се СТЕРОИДИТЕ

„Сè го болеше и не можеше да јаде ништо“

Се шушкаше за криза во нивната врска бидејќи фотографите често ги сликаа во лошо расположение, но по ова признание стана јасно која е причината зад нивните тажни лица.

Познатиот билдер Долф Лундгрен во емисијата „Во длабочина“ откри дека има рак на белите дробови, кој му беше дијагностициран пред осум години. Како што рече, се сомнева дека состојбата му се влошила поради употреба на стероиди во времето кога се занимавал со бодибилдинг.

Актерот додаде дека бил во ремисија, но и дека ракот му се вратил во 2020 година. Побарал второ мислење, а третманот што го добил резултирал со намалување на туморот.

Ден по мојата операција ми отстранија еден тумор, потоа извадија уште два што ги открија и уште три мали, изјави Долф облечен во болничка наметка.

Во 2020 година се вратив во Шведска и имав некаков рефлукс, не знаев што е тоа, па направив магнетна резонанца. Ми открија дека околу таа област има уште неколку тумори како и тумор на црниот дроб, рече тој.

Туморот пораснал до големина на лимон

Прашав колку време ми останува, мислам дека докторот ми одговори две до три години, но од неговиот глас разбрав дека мислеше помалку од тоа. Мислев дека така треба да биде, рече тој.

Поддршка во борбата за живот му дава 39 години помладата свршеница Ема Крокдал.

Многу го болеше устата, го болеа и рацете и не можеше ништо да јаде. Тоа беше борба, тој слабееше. Сфативме дека е многу полошо отколку што мислевме, почнаа да зборуваат за тумори во белите дробови, желудникот, околу бубрезите, изјави неговата свршеница.

Во тоа време се шушкаше за криза во нивната врска бидејќи фотографите често ги фотографираа во лошо расположение, но по ова признание стана јасно која причина се крие зад нивните тажни лица.

Деновиве, Ема сподели нивна заедничка фотографија и порача:

Пак ќе кажам, вистинскиот суперхерој е тука. На екранот и надвор од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMMA KROKDAL (@emmakrokdal)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.