Обожавателите ја осудија Криси Тиген бидејќи во бременоста сака да инјектира ботокс во вратот

Се жали на силни главоболки

Поранешната манекенка Криси Тиген (34) е бремена третпат, и на своите следбеници на Инстаграм им се пожали дека овој пат чувствува силни главоболки.

Сопругата на славниот музичар Џон Леџенд објасни дека се одлучила за ботокс, за кој, како што се надева, би требало да го реши проблемот.

Криси истакна дека третманот ѝ го препорачал лекар, а пластичните хирурзи веќе некое време предлагаат решение за тешка мигрена во форма на нехируршки третман со ботокс. Станува збор за метод со стимулација на периферните нерви за оние кои се борат со хроничен проблем, како и во случаи кога вообичаената терапија не дава резултати.

Имам многу силни труднички главоболки, па воодушевена сум што ми одобрија инјектирање ботокс во мускулите на вратот. Со недели се чувствувам многу лошо, но сега конечно ја гледам светлината на крајот на тунелот“, напишала Тиген.

Сепак, овој начин на решавање на проблемот на многу нејзини фанови не им звучел како добра идеја, па коментирале дека не станува збор за третман кој би можел да им се препорача на бремени жени.

 

 

View this post on Instagram

 

heatwave with my girl

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Фото: Инстаграм,Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.