Пилав со зеленчук: Едноставен оброк, прсти да излижете!

Вкусно јадење

Ви предлагаме совршен рецепт за пилав што ќе го обожавате

Состојки:
  • 150 г ориз
  • 300 г мешавина од зеленчук по желба
  • 200 г кромид или праз
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 коцка за супа
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • магдонос по вкус
  • куркума и босилек, по желба
Приготвување:
  • Добро измијте го оризот, а зеленчукот исечкајте го ситно.
  • Ситно исечкајте го кромидот и добро пропржете го на масло, потоа додајте морков, па пржете уште 5 минути.
  • Додајте го остатокот од зеленчукот, прелејте го со малку вода и поклопете го да се динста.
  • Кога зеленчукот ќе омекне, зачинете го по вкус.
  • Во огноотпорен сад измешајте го измиениот ориз и динстаниот зеленчук.
  • Сварете бујон од една коцка за супа и 400 мл вода.
  • Сипете ја во огноотпорниот сад, сето тоа убаво измешајте го и печете го пилавот на 220 степени околу 20 минути додека се потпече убаво.
Ручек за целото семејство: Печено пилешко со зеленчук и ориз
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.