Ручек за целото семејство: Печено пилешко со зеленчук и ориз

Испробајте!

За овој ручек не ви е потребно многу време, а вашето семејство ќе биде воодушевено.

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • 100 гр пушена сланина
  • 250 гр ориз
  • 250 гр замрзната мешавина од зеленчук (по ваш избор)
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка сув зачин од билки
  • 1 лажичка кари
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажичка зачин од слатка пиперка
  • 2 јајца
  • 500 мл павлака за готвење
  • 1 дцл вода
  • 1 лажица пармезан
  • малку сув магдонос

Прочитајте и: Лепчиња без квасец: Воздушесто тесто што ќе го обожавате!

Приготвување:

Исечете ги пилешкото и сланината на коцки и пржете ги во загреано масло. Зачинете со суви билки, бибер, кари и сладок пипер. Додадете го замрзнатиот зеленчук во месото, а по некое време и ситно исечканиот лук. Мешајте цело време. Во меѓувреме ставете го оризот да се готви. Најпрво ставете го оризот во поголема тава, а потоа месото и зеленчукот. Добро распоредете. Во сад изматете ги јајцата, додадете ја павлаката за готвење и половина чаша вода. Истурете ја оваа смеса над месото, а потоа посипете малку пармезан и магдонос. Ставете ја во рерна да се пече на 200°C околу половина час.

Идеја за десерт:  Сочна торта со ананас

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.