Пристигнува ретрограден Марс и ќе биде активен сè до 14 ноември: Подгответе се за големи промени!

Астро-прогноза

Овој астро-период на многумина ќе им ги замрси конците

Ни претстои многу интересен период.

Од 9 септември Марс во знакот Овен го започнува неговото ретроградно движење кое ќе трае до 14 ноември. Последен пат Марс бил ретрограден во знакот Овен во 1988 година, а во текот на летото 2018 бил ретрограден во знакот Водолија. Обидете се да се сетите што ви се случувало тогаш во животот. Некои теми што тогаш ви биле актуелни, може да станат повторно активни во наредниот период.

Марс во Овен симболизира воин кој се бори за себе, за независност и за слобода. Многу е одлучен, непоколеблив и полн со иницијатива. Со него покренуваме нови работи, работиме со полна пареа и носиме значајни одлуки. Тој е нашата создавачка енергија.

Меѓутоа, во текот на неговата ретроградна фаза, работите забавуваат. Се создава притисок како кај вода што врие во поклопен сад. Наредниов период ќе имате чувство како нешто постојано да ве кочи и попречува.

Ова е период во кој би требало да научите да живеете помирно и да научите да не се нервирате поради ситуации на кои не можете никако да влијаете.

Преиспитајте ги своите намери, повторно размислете за тоа каде сакате да ја насочите енергијата во иднина. Наредниов период погрижете се за здравјето, бидејќи тоа ќе биде на удар. На удар ќе бидат и односите помеѓу партнерите, па затоа внимателно одбирајте ги зборовите.

Ретроградниот Марс ќе ви врати некои луѓе и ситуации со кои имате нерасчистени односи. Особено турбулентни датуми ќе бидат 9.9, 28.9-1.10, 7.10-12.10 и 14.11.

Теми што ќе бидат важни за секој знак и аспекти што ќе бидат на удар:

  • Овен – здравје, изглед
  • Бик – нерешени прашања од минатото, одмор, стравови и недоверба
  • Близнаци – пријателство, кариера
  • Рак – кариера, односи со авторитети, љубов
  • Лав – патувања, образование, правни прашања
  • Девица – сексуален живот, имот или пари на други луѓе, долгови
  • Терезија – партнерски односи, брак
  • Скорпија – здравје, работни услови, односи со колегите
  • Стрелец – љубовен живот, однос со децата, пријателство
  • Јарец – семејство, станбени прашања, здравје
  • Водолија – комуникација, браќа и сестри, учење, односи во средината
  • Риби – пари, заработка, работа
Почнува најмоќниот астро-период и ќе трае сè до јануари 2021 година: Еве што го очекува секој хороскопски знак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.