Почнува најмоќниот астро-период и ќе трае сè до јануари 2021 година: Еве што го очекува секој хороскопски знак!

Астро-прогноза

Подгответе се за големи промени

На 19 август влеговме во нов астро-циклус кој ќе трае до 28.1.2021 година. Ова е период во кој ќе тргнеме по некои нови патишта во животот. Периодот ќе биде исклучително силен и никако нема да можеме да одбегнеме некои судбински запишани настани.

Во наредниот период ќе се активираат Месечевите јазли, а астролозите објаснуваат што тоа значи.

Месечината, Меркур и Сонцето биле во конјункција и така здружени ја поттикнале активацијата на Месечевите јазли.

Месечевите јазли претставуваат имагинарни точки во астрологијата, точки во кои се одвива патувањето на душите низ овој живот, од минатото кон иднината проследено со судбински настани.

Од август оваа година, јазлите се наоѓаат на оската Близнаци –Стрелец.

Последен пат јазлите биле на исти позиции во периодот од 13.10.2001 до 14.04.2003, па обидете се да се сетите кои теми биле актуелни во вашиот живот тогаш, бидејќи сега можеби дошло времето за ревизија на истите тие.

Ќе свртиме нови страници во животот и ќе тргнеме по некои нови патишта – овој период ќе има поголемо влијанија на подзнаците одошто на самиот знак. Еве како ќе влијае овој период врз секој подзнак…

Овен

Луѓето со подзнак Овен можат да очекуваат промена на работа, како и можност за промена на секојдневјето.

Бик

На Биковите овој период им носи промени поврзани со љубовта, задоволството и децата. На слободните им носи можност за нова љубов. Зафатените би можеле да ја подигнат врската на повисоко ниво.

Близнаци

Луѓето со подзнак во Близнаци можат да очекуваат многу поволни промени и новости. Ги очекуваат многу дружења, движење и ненадејни убави средби. Исто така, можете да очекувате промени поврзани со домот, семејството и постои можност за промена на местото на живеење.

Рак

Луѓето чиј подзнак се наоѓа во Рак ќе почувствуваат промени овој период. Очекувајте многу динамичен период, полн со дружење и промена на љубовен план.

Лав

Можеби ќе почувствувате дека сте дошле до моментот кога промената ви е повеќе од потребна. Ќе се посакате да се поместите од местото на коешто сега се наоѓате, да го промените изгледот, стилот на облекување и целосниот имиџ. Периодот што ви претстои ќе ви донесе голема количина на пари.

Девица

Обрнете внимание на вашите соништа и интуиција и следете ги. Ви претстојат тајни авантури и љубовни врски скриени од очите на јавноста, или пак врска на далечина.

Терезија

Подгответе се за деловни промени. Постои голема можност за остварување големи желби.

Скорпија

Трудете се што повеќе на деловен план, бидејќи периодот пред вас е одличен за напредок во кариерата.

Стрелец

Промени и новости ви претстојат на поле на кариера, а постои можност да добиете интересна понуда од странство. Ќе бидете динамични, активни и успешни. Сите околности ќе бидат во ваша полза.

Јарец

Ви се спојуваат минатото и сегашноста. Во наредниот период ќе дојде до наплата на некои долгови и до решавање на неразјаснетите ситуации што сте ги оставиле зад себе.

Водолија

Ве очекува поволен период за љубов.

Риби

Оние што се невработени би требало да го искористат овој период за да се покренат по тоа прашање, бидејќи шансите за напредок се големи.

Астролозите се едногласни: Ова се четирите најсилни хороскопски знаци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.