„Кога маж ми се појави во породилната сала, сите прснаа од смеење“: Не сте чуле ваква приказна од породилиште!

Урнебесно!

Една жена ја споделила својата приказна од породилната сала и сите ги насмеала до солзи. Ви гарантираме дека немате слушнато ваква приказна!

Руските медиуми ја пренеле исповедта на една жена која се пораѓала во градската болница во Санкт Петербург и не постои човек што не се насмеал кога ја прочитал…

„Некаде по полноќ, сопругот ме донесе да се породам. Пристигнавме до породилиштето со брзина на светлината, а маж ми сè уште беше збунет, бидејќи го разбудив од сон.

Мене ме примија на преглед, а тој остана да чека да го викнат кога ќе треба да влезе во породилната сала, бидејќи беше договорено да биде покрај мене.

Тој од почетокот не сакаше баш да присуствува на породувањето, но бидејќи стануваше збор за нашето прво бебе и јас се плашев – се согласи да биде покрај мене.

Сè уште го паметам следниов дијалог помеѓу мојот сопруг и медицинските сестри!

Медицинската сестра му се обрати на мојот сопруг кој упадна во породилната сала сосе јакна: ‘Човече божји, соблекувај се. Жена ти само што не се породила.’

Сопругот: ‘Како да се соблечам? Гол?’

Медицинската сестра, на која моите контракции ѝ го одвлекоа вниманието, брзо одговори: ‘Ајде, ајде, само побрзај’.

Сопругот исчезна зад параванот, а дојдоа докторот, бабицата и уште една медицинска сестра. Помеѓу страшните контракции, гледав во вратата дали ќе се појави сопругот. И ете го… Само по боксерки и кломпи стои во породилната сала на врата и збунето гледа во мене.

Мислам дека ми престанаа контракциите во тој момент.

Во тој момент, кон него се свртеа докторот, бабицата и сестрите и настана громогласна смеа.

На прашањето зошто е само по боксерки, маж ми луто погледна во сестрата и рече: ‘Таа ми кажа да се соблечам гол!’

Сестрата прсна од смеење и се извини низ солзи, го изведе од салата и му даде стерилна наметка.

Од породувањето поминаа речиси 10 години, а во нашето семејство сè уште се прераскажува оваа приказна.“

Мајка на три деца трпела страшни болки 12 месеци, а докторите ѝ кажале дека е анксиозна: На породувањето сите се шокирале!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.