Рецепт за најдобрата југословенска мусака: Ни најголемите гурмани не можат да му одолеат на вкусот!

Компирот е особено крцкав

Најдобриот рецепт за мусака со компир и месо што некогаш сте го пробале

Мусаката беше едно од омилените јадења во домовите во Југославија, а домаќинките често го приготвуваат, бидејќи не одзема многу време и многу пари. Освен тоа, вкусот на ова јадење е прекрасен – го обожаваат и децата и возрасните. Веруваме дека тоа сè уште се нема променето, па затоа ви го предлагаме овој традиционален рецепт на искусните готвачки.

Состојки:
  • 500 г мелено месо
  • 1 кромид
  • компир
  • зачини

За преливот:

  • 1 јајце
  • малку млеко

Совет: Ако сакате јадењето побрзо да биде готово, кога ќе го исечкате компирот, варете го околу 15 минути, а преливот можете да го збогатите со павлака за готвење, наместо со млеко.

Приготвување:

Во тавче сипете малку масло и пропржете ситно сечкан кромид. Потоа, додајте го меленото месо и пржете го додека биде готово, па зачинете го по желба. Излупениот и исчистен компир исечкајте го на подебели кругови, па наредете го во претходно намрсена тепсија. Одозгора сипете половина од количината на месото, потоа ставете уште еден ред компири, а потоа преостанатата количина месо. Вашата мусака е спремна за во рерна!

Последниот ред нека биде компир и посолете го малку. Сипете малку вода и покријте го со алуминиумска фолија. Со виљушка дупнете ја фолијата на неколку места и печете на 230 степени околу еден час. Потоа, отстранете ја фолијата, па изматете јајца со млеко и сипете ги одозгора. Печете уште половина час, но намалете ја температурата на 200 степени.

Мусака по традиционален рецепт: Врвен вкус од кој никогаш доста! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.